Елизабета Бахтовска (, ) – универзитетски професор на Техничкиот факултет во Битола.

Животопис Елизбета Бахтовска е родена во Битола во 1958 година. Дипломирала на Природно-математичкиот факултет група Физика во Скопје во 1981 година, магистрирала на Машинскиот факултет во Скопје во 1986 година, а докторирала во 1994 година на Институтот за земјотресно инженерство во Скопје.

Од 1982 до 1983 година работи како професор по физика во гимназијата „Браќа Миладиновци“ во Битола, од 1983 до 1989 работи во РЕК „Битола“, а потоа работи на Техничкиот факултет во Битола. Покрај наставата и учество во повеќе проекти, извршувала повеќе функции: продекан за настава (199-2000), Национален болоњски промотер за Македонија од септември 2005, сенатор во Универзитетскиот совет (2005-2013), продекан за меѓународна соработка (2014-2015), проректор за настава (тековно).

Наводи

Категорија:Професори на УКЛО Категорија:Професори на Технички факултет - Битола