Музеј на албанската азбука () — меморијален музеј кој се наоѓа во Битола. Музејот е посветен на Битолскиот конгрес од 1908 година, на кој е создадена модерната азбука на албанскиот јазик.
Музејот се наоѓа во неокласичната куќа на Фехим Завалани на денешниот булевар „Први мај“ бр. 25, каде од 14 до 22 ноември 1908 година се одржал Битолскиот конгрес. Во музејот се изложени фотографии, документи и восочни фигури поврзани со преродбата, културните и образовните движења на албанскиот народ.
Наводи
Категорија:Музеи во Битола Категорија:Знаменитости во Битола