Куќа на Петруш Вангелов — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија под називот Куќа на ул. „Коста Рацин“ бр. 31.
Местоположба Куќата е сместена во маалото Канео, на улица „Коста Рацин“ бр. 45 (стар бр. 31).
Архитектура Куќата е сместена во маалото Канео, на улица „Коста Рацин“ бр. 45 (стар бр. 31). Изградена е во XIX век и претставува единствената преостаната староградска куќа во маалото. Се состои од приземје и два ката. Приземјето и дел од првиот кат се камени, а остатокот е бондручен. Катовите се еркерно издадени, потпрени на дрвени косници. Фасадата има дрвени опшиви на аглите, скромни стреи и ритмично распоредени отвори. Била во сопственост на Петруш Вангелов.
Галерија
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
Наводи
Петруш Вангелов Петруш Вангелов