Џекова кула или Спаискова кула — историска средновековна одбранбена кула во градот Кратово.
Местоположба Сместена е во близина на денешниот Сарајски мост.
Опис Нејзината основа е квадратна со димензии 6,05 х 6,05 m и дебелина на ѕидовите 1,20 m. Изворите за оваа кула молчат, не се знае кога е изградена, ниту пак од кого и кога е уништена. Нејзините остатоци се малку видливи.
Поврзано Кратово Архитектура на Кратово
Наводи
Категорија:Кули во Кратово Категорија:Урнатини во Македонија