Турбе на Синан Челеби — османлиска гробница (турбе) во Охрид. Прогласена е за Значајно културно наследство на Македонија.

Архитектонски опис и покојници Се наоѓа на ридот Плаошник, во близина на познатата црква „Св. Климент и Пантелејмон“. Му припаѓа на типот на отворени турбиња со основа во облик на буквата Г, потпрено на квадратни столбови во секој агол. Во изградбата е користен материјал од наоѓалиштето Плаошник и архитектонски остатоци (сполии) од наоѓалиштата во околината. Турбето е изградено од тули, ѕидано на цокле од обработен камен.

Во левиот помал дел е погребан Хасан Баба, а другиот гроб веројатно е на братот на Синан Челеби или на син му. Во поголемиот дел е гробот на самиот Синан Челеби Охридзаде со изделкана надгробна плоча со натпис, над која има украс од стилизиран лист. Според арапскиот натпис, Синан Челеби починал на 19 април 1493 година. Оваа плоча се чува во Музејот на Охрид.

На 22 март 1968 година турбето е прогласено за споменик на културата.

Почит кон Свети Климент Според драмскиот писател Бранислав Нушиќ, Синан Челеби изградил џамија и имарет (јавна кујна) врз темелите на Светиклиментовата црква за време на султанот Мехмед II. Го забележал зачуваниот обичај на носење масло и палење свеќи во турбето како почит на муслиманските верници кон Свети Климент. Турбето и денес останува култно место за муслиманите, кое го посетуваат за празникот Ѓурѓовден — доказ за непрекинатото христијанско влијание.

Поврзано Плаошник Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Надворешни врски

Синан Челеби Категорија:Исламска архитектура во Македонија Категорија:Појавено во 1493 година Категорија:Знаменитости во Охрид __ИНДЕКС__