Сачинанд Хирананд Ватсјајн (सच्‍चिदानन्‍द हीरानन्‍द वात्‍स्‍यायन) ( - ), познат под псевдонимот Ајнеј (или Ајгеј) бил индиски поет, пионер на модерните трендови не само во поезијата на хинду јазикот, туку и во областа на белетристиката, критиката и журнализмот. Тој е еден од највидните експоненти на Nayi kavita (Новата Поезија) на хинду и го уредувал Tar Saptaks. Ајгеј исто така преведувал низа од своите дела, како и дел од творештвото на другите индиски автори на англиски.

Ајгеј патувал постојано низ Индија и во странство. Меѓу 1961 и 1964 година бил гостин-професор на Калифорнискиот Универзитет во Беркли. Во 1965 година се вратил во Индија и станал уредник на тамошното списание Dinmaan. Останал во својата земја до 1968 година, кога и заминал на патување низ Европа. Следната година се вратил во Беркли каде останал до јуни 1970 година. Во текот на 1976 година, осум месеци предавал на Хајделбершкиот универзитет.

Награди и признанија Сахитја Академска награда Нанпит награда во 1978 година (за антологијата Kitni Naavon mein kitni baar) Харатхарати награда Златниот венец на Струшките вечери на поезијата

Значење и влијание Песната „Лов“ на македонскиот поет Анте Поповски е посветена на Арјеј.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 91.

Наводи

Надворешни врски Ајгеј на Kavita Kosh. Ајгеј на Abhivyakti. Ајгеј на Anubhuti. Песната Hamara Desh на Ајгеј на индиски и англиски на Geeta-kavita.com.

Категорија:Индиски поети Категорија:Индиски писатели Категорија:Добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата