Ограѓе — археолошко наоѓалиште во велешкото село Ногаевци. Претставува населба од доцноантичкото време. На југоисточната периферија на селото, на низок срт со правец исток-запад, кој завршува над реката Вардар, на површина од 1,5 хектар се среќаваат фрагменти од керамички садови, градежен материјал и питоси. Биле најдени и повеќе бронзени монети.

Поврзано Горна Црква — некропола од доцноантичкото време; Грамади — населба од римското време; Задружен Блок — тумул од веројатно железното време; Лисички Дупки — некропола од доцноантичкото време; Црвеници — населба и некропола од доцноантичкото време; Ногаевци; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи