Кади Махмуд Челеби-ефенди () — османлиски кадија и дарител од 16 век.
Животопис За кадијата Махмуд-ефенди нема многу сочувани податоци. Се знае дека во 959 година од хиџра (1551-1552 г.) бил назначен во судот во Битола. Востановил побожен вакаф за новата џамија во градот што го носи неговото име. Вакафот на џамијата содржел дуќани, куќи, магази и анови. Во блиэина на џамискиот објект отворил медреса, а наоколу џамијата имало мали гробишта каде бил погребан битолскиот бекташки мистик Халил Баба.
Поврзано Јени џамија
Наводи
Категорија:Луѓе од Битола