Куќа на ул. „Крсте Мисирков“ бр. 67 ― староградска куќа во Ново Село, Штип, Македонија. Куќата е заведена како Културно наследство на Македонија.
Историја Се вели дека во оваа куќа престојувал Гоце Делчев кога учителствувал во Новоселското училиште.Изјава на Зоран Ласков - сопственик, истражувал: Никола Милошевски, датум на извор: 6 август 2022, датум на пристап: 9 август 2022.
Куќата била сопственост на двајца браќа од семејството Делипетрови до 1971 година. Едниот брат, таа година го продал на семејството Ласкови вториот кат и левата половина од приземјето. Подоцна вториот брат, го продал десното приземје и првиот кат на семејството Стојанови.Изјава на Зоран Ласков - сопственик, истражувал: Никола Милошевски, датум на извор: 6 август 2022, датум на пристап: 9 август 2022.
Надворешноста на куќата била реновирана во 2015 година во вредност од милион и двесте илјади денари, пари добиени од Министерството за култура (милион денари) и Општина Штип (двесте илјади денари).Изјава на Зоран Ласков - сопственик, истражувал: Никола Милошевски, датум на извор: 6 август 2022, датум на пристап: 9 август 2022.
Галерија
Наводи
Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Штип Категорија:Ново Село (штипска населба) Категорија:Згради и градби во Штип