Драматички мост () — стар османлиски камен мост во областа Зихненско, Егејска Македонија.
Местоположба Мостот ја преминува реката Драматица (Ангитис), лева притока на Струма, и се наоѓа непосредно до селото Станица Анџишта (на јужниот лев брег) и селото Станица Драчево (на северниот десен).
Историја Се смета дека мостот потекнува од антиката. Последната фаза е од раноосманлиско време. Неговата непрекината употреба толку долго време укажува на значајноста на патот кој ја поврзува рамнината со северното и западното подножје на планината Кушница.
Опис Мостот има пет заострени лакови, од кои денес се гледаат само четири. Претставува единствениот преостанат своден мост во источна Егејска Македонија. Висок е 5,9 м и има насоченост север-југ. Изграден е од делкан варовнички туф и силен малтер.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Зелјахово