Жужелски мост () — стар камен мост во Нестрамско, Егејска Македонија. Се наоѓа во шумата, на 2 км источно од селото Жужел. Ја преминува Жужелска Река, која ја образува границата помеѓу планините Смолика од југозапад и Горуша од североисток.
Мостот е изграден во 1880 г. од градители од с. Кастањани во областа Мајсторско, Епир. Даумот е познат од Мантос Димитриос од Жужел (1867 - 1952), кој присуствувал на мостоградбата. Средствата за иградба ги дал човек од епирското село Фурка, чиј брат се удавил во реката. Овој своден полуцилиндричен мост има вкупна должина од 25 м и се издига на висина од 7 м. Долго време бил едиствената врска меѓу Жужел, градот Гребен и Цотил. Обновен е во 1990 г.
Во 1988 г. мостот е прогласен за споменик на културата.
Поврзано Куцумбли — следен мост на реката
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Нестрам (општина) Категорија:Појавено во 1880 година