Куцумбли () — стар османлиски камен мост меѓу селата Жужел и Борботско, Нестрамско, Егејска Македонија.
Мостот е изграден на крајот од XVIII или почетокот на XIX век. Веројатно е наречен по неговиот нарачател или човекот кој ги дал средствата. Претставува сводест полуцилиндричен мост со вкупна должина од 30 м и ширина од 2,5 м. Се смета за еден од најубавите мостови во западна Егејска Македонија. На клучниот камен има релјефна глава. Градители на мостот биле Георгиос Димос, Цјамохристос и браќата Галанис од Борботско.
Во 1988 г. мостот е прогласен за споменик на културата.
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Нестрам (општина)