Гелин мост () — средновековен камен мост кај селото Катраница, Кајларско, Егејска Македонија. Сместен е меѓу урнатините на тврдината Град, на пат кој води за селото Долно Граматиково.

Според преданието, мостот е наречен по девојчето по име Гела, ќерка на турскиот сопственик на селото, кое минувајќи по мостот се наведнала да погледне во водата, но загубила рамнотежа и се удавила во неа.

Наводи

Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Еордеја