КК Жалгирис - професионален кошаркарски клуб со седиште во Каунас, Литванија, кој се натпреварува во Литванската кошаркарска лига (ЛКЛ) и во Евролигата.
Основан во 1944 година, Жалгирис е еден од најстарите клубови кој во моментов се натпреваруваат во Евролигата. Тој е, исто така, еден од 11-те европски клубови кои поседуваат долгорочни лиценци со Евролигата, која им обезбедува загарантирано место во фазата од регуларниот дел од оваа лига. Покрај тоа, Жалгирис е клубот со најмногу одличија на Литванската кошарка, со освоени 23 првенства на Литванија, 5 советски првенства, 1 Евролига и во секоја сезона од формирањето на домашната лига во 1993 година стигнувал до финалето во истата.
Жалгирис произвел многу легенди на Литванската кошарка во текот на историјата на клубот, вклучувајќи ги Арвидас Сабонис, Модестас Паулаускас и Шарунас Јасикевичиус.
Од сезоната 2011–2012, Жалгирис ги игра своите домашни натпревари во Жалгирис Арена, која е изградена непосредно пред Евробаскетот 2011. Боите на клубот се зелена и бела.
Играчи
Надворешни врски
Официјално мрежно место на КК Жалгирис Профил на Euroleague.net
Жалгирис