„Акцијата Стадион“ (хрватски: Akcija Stadion) — југословенски филм од 1977 година, во режија на Душан Вукотиќ, кој е автор и на сценариото заедно со Славко Голдштајн. Главните улоги ги толкуваат: Игор Гало, Фрањо Мајетиќ, Звонимир Чрнко, Божидар Алиќ, Јадранка Стилин, Звонимир Лепетиќ, Дарко Сриќа, Наташа Хржиќ, Златко Мадуниќ, Борис Краљ и Душан Јаниќијевиќ. Филмот освоил неколку награди, и тоа: Големата сребрена арена и Златната арена за сценарио на Пулскиот филмски фестивал; Златната роза Лидица на Филмскиот фестивал во Карлови Вари; и специјална диплома на Звонимир Лепетиќ на фестивалот во Ниш.HRT, Akcija stadion, hrvatski film (1977.) (пристапено на 8.4.2022)

Синопсис Во 1941 година, за стадионот Максимир во Загреб, усташите организираат голем собир на средношколците со намера да ги издвојат Србите и Евреите. Меѓутоа, младите комунистички илегалци го саботираат планот...

Наводи

Категорија:Југословенски филмови Категорија:Хрватски филмови Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1977 година Категорија:Филмови на Душан Вукотиќ Категорија:Филмови со Игор Гало Категорија:Филмови со Фрањо Мајетиќ Категорија:Филмови со Звонимир Чрнко Категорија:Филмови со Божидар Алиќ Категорија:Филмови со Јадранка Стилин Категорија:Филмови со Звонимир Лепетиќ Категорија:Филмови со Дарко Сриќа Категорија:Филмови со Наташа Хржиќ Категорија:Филмови со Златко Мадуниќ Категорија:Филмови со Борис Краљ Категорија:Филмови со Душан Јаниќијевиќ Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Загреб