Лошничка Река или Порос () — река во Костурско, Егејска Македонија, лева притока на Бистрица.
Опис Реката се образува од два потока — Јазовино (Γιαζιοβινό), која извира во поднжјето на Јаза над с. Куманичево и тече во јужен правец, и Муричка Река (Μουρικίσιο), која извира западно под врвот Мурик и тече на југозапад. Двата потока се спојуваат над селото Лошница и потоа водотекот продолжува на југ. Потоа ја прима големата лева притока Керасово. Реката образува граница меѓу планината Саракина на запад и Мурик на исток.
Лошничка Река завршува во Бистрица како нејзина лева притока во месноста Сандово источно од Дреново.
Поврзано Костенарија
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Рупишта Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија)