Клисурски манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ () — манастир во Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Сместен е во борова шума во источните падини на планината Мурик, на 3 км од селото Клисура, по патот кон Мокрени.

Историја Манастирот е основан околу 1314 г. од монахот Неофит од Клисура.

Според натписот во црквата, манастирот е возобновен во 1813 година од монахот Исаија Плист од Клисура. Сегашниот манастир веројатно е основан во втората половина на XVIII век на местото на постариот грам, бидејќи на натписот е укажано дека Исаија го основал на стари темели. Манастирската црква е е трикорабна базилика со подоцна изградена купола фи со припрата. Внатре има богато украсен дрвен иконостас од 1772 г. Внатрешноста е живописана од зографот Георги од епирското село Кионат.

Во текот на XIX век изградени се параклисот „Св. Јован Претеча“ и конаците кои ја обиколуваат црквата и на манастирот му даваат изглед на тврдина. За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 - 1908) манастирот станал засолниште за грчките андарти кои војувале против четите на ВМОРО. Извесно време бил метох на Ајтоскиот манастир („Св. Архангели“).

Зачуваните градби на манастирскиот комплекс се од XVIII и XIX век. Манастирот постепено се запустил, но е возобновен е во 1992 г. како женски манастир, иако Тодор Симовски во претходната 1991 г. во него забележал 27 жители. Оттогаш бројот на жители е доста намален.

Во 1996 г. манастирот е прогласен за заштитен споменик на културата.

Галерија

Поврзано Костурска епархија

Литература Αρ. Ι. Τζιώγος, Συνοπτική ιστορία της Κλεισούρας Δυτικής Μακεδονίας και το ιστορικόν αυτής μνημείον της χριστιανωσύνης της Ιεράς Μονής Παναγίας – Γεννήσεως της Θεοτόκου, Θεσσαλονίκη 1962.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Манастири во Костур (општина) Категорија:Цркви во Костур (општина) Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Манастири во Костурската епархија Категорија:Дела на Кионатската школа Категорија:Споменици на културата во Костур (општина) Категорија:Појавено во 1314 година Категорија:Појавено во 1813 година