мини|Милан Јовановиќ Стоимировиќ на работната маса Милан Јовановиќ Стоимировиќ (Смедерево, 19 јуни 1898 — Белград, 6 март 1966) бил српски новинар, дипломат, управник на Архивот на Србија, хроничар на стариот Белград.
Детство и младост Роден е во Смедерево од татко Светозар Јовановиќ, опинчар, и мајка Јелене родена Стојимировиќ. Рано останал без татко, па грижата за него и помладиот брат ја презеле мајка му Јелена и вујко му др Душан Стоимировиќ (1870–1956). Од благодарност двајцата браќа на своето презиме го додале и презимето Стоимировиќ.
Основна школа завршил во Смедерево, а гимназија во Смедерево и Белград. Во текот на Првата светска војна престојувал во Белград кај вујко му др Душан Стоимировиќ кој бил управник на душевна болница. Студирал во Белград и Берн, дипломирал на Правниот факултет во Белград во 1927 година.
Работа
Ги уредувал весниците „Смедеревски журнал“, „Реви“ (излгегол само еден број), „Самоуправа“ и во Скопје весниците „Вардар“ и „Глас Југа“. Тој го основал весникот „Вардар“ во 1932 година и бил на негово чело до средината на декември 1935, кога Милан Стојадиновиќ го поставил за главен уредник на обновениот партиски орган "Самоуправа". Едно време бил и новинар на „Политика“.Дневник Милана Јовановића Стојимировића, Приступљено 12. 4. 2013.
Наводи
Категорија:Српски новинари Категорија:Родени во 1898 година Категорија:Починати во 1966 година Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград)