десно|мини|256x256пкс| Стар модел на месорезник. Месорезник или машина за нарежување — алатка што се користи во месарниците и продавниците за сувомесни производи за нарежување месо, колбаси, кашкавал, сирења и други сувомесни производи. Во споредба со обичен нож, употребата на месорезникот бара помалку напор и особено е битно што ја одржува текстурата на храната понепроменета. Општо земено, месорезниците може лесно да се дотераат за да се сечат резанки со различна дебелина. Постарите модели на месорезници вообичаено користеле курбла, додека поновите обично користат електромотор. Додека месорезникот традиционално е комерцијален апарат, на пазарот се продаваат и верзии за домашна употреба.
Поврзано Јајцерез
Наводи
Категорија:Американски пронајдоци Категорија:Кујнски прибор Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ