Хана Хоракова (роденa Мачова) (, ) — чешка кошаркарка, кој игра на позицијата бек.
Кариера
Клупска Победничка на Евролигата во 2006 година со Брно, во моментот на нејзиното повлекување била во 15-те најдобри според бројот на постигнати поени (1 806), на скокови (796) и на асистенции (509) .
По Светското првенство во 2010 година потпишала за турскиот клуб СК Фенербахче.
Во февруари 2011 година, ФИБА Европа ја прогласила за европски играч на годината, пред Французинката Сандрин Грида и Шпанката Амаја Валдеморо.
Сезоната 2011-2012 ја започнала во Екатеринбург, но поради малата минутажа била префрлена во Кошице. Во сезоната 2012-2013 година се вратила во Брно.
Репрезентативна Го освоила златото на Европското првенство во кошарка за жени во 2003 година, а потоа и сребрениот медал на наредното првенство.
На Светското првенство во 2010 година, била избрана за најдобар играч на турнирот. Особено се истакнала во четврт-финалето против Австралијките кога постигнала 21 поен, што придонело да ја добие наградата за најдобар играч на годината 2010 од ФИБА.
На ЕП 2011 не учествувала, а во националниот тим се вратила за Олимпијадата во Лондон, каде чешката репрезентација била поразена во четвртфиналето. Во март 2013 година, објавила дека се повлекува од репрезентацијата и потоа ставила точка на кариерата во јули 2013 година . Кариерата ја завршила со јубилеен настап во Брно на 17 август 2013 година во кој учествувале Ивана Вечерова, Зузана Жиркова, Ева Витечкова и Јана Весела .
Клубови за кои настапувала 1996-1999 година: УСК Блекс КВ 1999-2010 година: Кошаркарски клуб Брно 2010-2011 година: СК Фенербахче 2011-2012 година : Добри ангели Кошице 2012-2013 година : УММЦ Екатеринбург 2012-2013 година : Кошаркарски клуб Брно
Награди
Клупски Евролига 2006 година Куп на Чешка 2013
Репрезентативни Светско првенство 7. на Светското првенство 2006 година Сребрен медал на Светското првенство 2010 година Европско првенство Златен медал на Европското првенство 2005 година Сребрен медал на Европското првенство 2003 година 1 коло на Европското првенство 2001 година Четвртфинале на Европското првенство 1999 година
Лични награди Избрана за европски играч на годината 2010 од ФИБА Европа Најдобар играч на Светското првенство 2010 година
Наводи
Надворешни врски Hana Machová at EurobasketWomen2005.com (archived)
Категорија:Чешки кошаркарки