Коџа Дере (, старо Κοτζά Ντερέ) — река во Катеринско, Егејска Македонија.

Описание Ррката извира од планината Шапка, западно од Радјани под името Смикси (Σμίξη). Тече во југоисточен правец и минува меѓу селата Радјани на север и Колиби на југ. Ги прима левите притоки Мурганолакос и Мурцани. Тука го носи името Цамали или Коџа Дере. Проаѓа меѓу селата Тохово на североисток и Братинички Колиби на југозапад. Излегува од планината кај Горно Иваново, каде го носи името Витисма (Βύθισμα). Оди помеѓу Горно Иваново на север и Турија на југ, ја прима левата притока Статак и тече во Катеринската Рамница во начелен источен правец. Се влева во Солунскиот залив во месноста Ставраетофолија северно од Вромери.

Притоки → лева, ← десна → Мурганолакос → Мурцани → Статак

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Егејски слив Категорија:Пидна-Колиндар Категорија:Катерина (град)