Свети Атанасиј Бессребренички () — црква во градот Костур, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Местоположба Црквата е дел од Бессребреничката парохија. Сместена е на сртот на Костурскиот рид, во близина на црквата „Пресвета Богородица Бессребреничка“ и Костурскиот византиски музеј.

Историја лево|мини|Ктиторскиот натпис Според ктиторскиот натпис над влезот одвнатре, црквата е живописана во 1844 г. од зографот Аргир Михајлов од селото Чука. Храмот е посветен на Атанасиј Велики и Кирил Александриски.

Во 1991 г. црквата е прогласена за заштитен споменик.

Архитектура лево|мини|Фреска на Св. Наум Во архитектонски опис црквата претставува еднокорабна базилика со дрвен кров и припрата на северната страна. Градбата е стабилна, изградена од камени и керамични плочки. Има богато живописана внатрешност.

Наводи

Категорија:Цркви во Костур Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Споменици на културата во Костур