Зграда на Талви Јаков — зграда во скопската населба Дебар Маало. Таа е прогласена за Споменик на културата под називот Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 108.
Историја Првичната градба, односно поединечната куќа на Талви Јаков била проектирана во периодот меѓу двете светски војни. Проектот за доградба на архитектот Кирил Жерновски бил од 1931 година. Не е познато дали проектот за целата куќа е дело на истиот архитект.
Зградата била прогласена за значајно културно наследство врз основа на Уп. бр. 18-428 од 17 септември 2015 година.
Во неодредено време биле извршени следните зафати: имало промена на надворешната столарија; било извршено додавање на натстрешница на балкон на втор кат и на агол на поткровје; имало доградување на поткровјето.
Архитектура и особености Во сутеренот се сместени дрварница и хаус мајстор, а на приземје, катовите и поткровјето има станбени содржини. Градбата била изградена во масивен носив систем. Темели од набиен бетон со дебелина од 60 цм, ѕидови од добро печена тула и малтер во приземје и прв кат, тула од 30 цм на втор кат. Преградни ѕидови се со дебелина 15 цм. Меѓукатната конструкција е дрвена со дрвен патос и плафон од трска. Покривот е повеќеводен и изведен од дрвена потконструкција и покривање од ќерамиди. На дел од обновениот покрив е покриен со лим. Градбата има фасада со обработка од малтер. Според проектот, таа има украсни елементи околу и под прозорците. Посебно бил нагласен аголот со повисок и украсен завршеток на венецот. Има пиластри по целата висина на градбата. Градбата има дрвени прозорци и надворешни врати кон балкони и дрвени влезни врати во градбата. Дел од столаријата се останати првични дрвени прозорци, а останатите прозорци, надворешни врати кон балкони и влезни врати во градбата се од ПВЦ и алуминиум. Вертикалните комуникации се осветлени со прозорци со метални рамки по цела висина. Двор е ограден со парапет и столпчиња со исполна од тула и метална украсна ограда.
Поврзано Зграда на бул. „Илинден“ бр. 41 Зграда на Детски културен центар „Карпош“ (бул. „Илинден“ бр. 53) Зграда на бул. „Илинден“ бр. 63 Зграда на бул. „Илинден“ бр. 68 Рубенова палата (Зграда на бул. „Илинден“ бр. 80) Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 83а Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 88 Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 109 Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 115 Зграда на Министерството за култура (ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61) Зграда на ул. „Аминта Трети“ бр. 17 Зграда на ул. „Наум Наумовски - Борче“ бр. 82 Зграда на ул. „Наум Наумовски - Борче“ бр. 88 Зграда на ул. „Раде Кончар“ („Живко Чинго“/„Боемска“) бр. 4а Зграда на Ташковиќ Зграда на Кубеш
Наводи
Надворешни врски
Службено мрежно место на Управата за заштита на културното наследство
ул. „Орце Николов“ бр. 108 Категорија:Дебар Маало Категорија:Македонската архитектура во 1931 година