Александар Стојмилов (Бели, 18 јануари 1941) ― македонски географ.
Живот и дејност Основното и средното образование завршил во Кочани. Студирал на Институтот за географија при ПМФ од 1959-1963 година. Магистрирал на Географскиот факултет при Белградскиот универзитет во 1967 година, на насоката Туризам. Во меѓувреме работел како професор во Економското училиште во Кочани и бил вработен во Катлановска Бања. Универзитетската кариера ја започнал во учебната 1968/69 година, кога е избран за асистент на Институтот за географија на ПМФ во Скопје. Во 1971 година, е избран за предавач по предметот Основи на географијата. Докторирал на тема „Туристички вредности на македонските планини” во 1974 година. Во 1975 година, е избран за доцент по предметите Основи на географијата и Посебна стопанска географија, во 1980 година, во вонреден, а во 1985 година, во редовен професор. Главно работел во областа на туризмот и терциерните дејности. Остварувал студиски посети во Краков, Вороњеж, Софија, Малага, Братислава и други места. Учествувал во изработката на два просторни планови на Македонија и во изготвувањето на 12 просторни планови за одделни општини во Македонија. Има објавено над 200 труда главно од областа на туристичката и стопанската географија на Македонија, неколку учебници за средно образование и 6 учебници за високо образование. Под негово менторство се одбранети 7 докторски дисертации и 16 магистерски трудови. Бил декан на ПМФ и проректор на УКИМ. Добитник е на повеќе признанија меѓу кои и Орден на трудот со златен венец.
Поврзано
Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Димитар Јаранов Петар С. Јовановиќ Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски
Душан Манаковиќ Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски
Војислав Радовановиќ Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски
Наводи
Категорија:Родени во 1941 година Категорија:Луѓе од Бели Категорија:Македонски географи Категорија:Југословенски географи Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Природно-математички факултет Скопје Категорија:Белградски универзитет Категорија:Туризмологија Категорија:Македонски просветари Категорија:Декани на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Проректори на УКИМ