Атанасие Урошевиќ (Гнилане, 1898 - Белград, 1992) ― југословенски антропогеограф, етнолог и картограф.
Животопис Атанасие Урошевиќ бил роден во 1898 година во Гнилане во Oтоманското Царство. Дипломирал во 1926 година. Тој докторирал на темата „Горна Морава и Изморник” во 1929 година, на Филозофскиот факултет во Скопје. На факултетот работел до 1941 година. За време на Втората светска војна, до 1945 година, бил воен заробеник во Германија. Во 1946 година, од страна на Владата на Народна Република Македонија бил повикан од Белград, за да биде професор на Катедрата по географија на Филозофскиот факултет во Скопје со задача да ја организира работата на Катедрата за географија, така што како раководител на Катедрата и нешто подоцна на Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, останал до неговото пензионирање во 1964 година. Во 1978 година, бил избран за редовен член на САНУ. Главни научни и образовни занимања му биле антропогеографијата, етнологијата и картографијата. Бил основач на Географското друштво на Македонија и на списанието Географски разгледи. Починал во 1992 година во Белград.
Поврзано
Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Петар С. Јовановиќ Димитар Јаранов Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски
Душан Манаковиќ Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски
Војислав Радовановиќ Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Јован Цвииќ Димитрија Чуповски
Наводи
Категорија:Родени во 1898 година Категорија:Луѓе од Гнилане Категорија:Починати во 1992 година Категорија:Починати во Белград Категорија:Српски антропогеографи Категорија:Југословенски антропогеографи Категорија:Српски етнолози Категорија:Југословенски етнолози Категорија:Српски картографи Категорија:Југословенски картографи Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Природно-математички факултет Скопје Категорија:Академици на САНУ Категорија:Југословенски академици