Михаило Зиков (роден на 22 април 1949 година во Ќоселари) ― македонски Климатолог, Просторен планирач, професор.

Образование Гимназија завршил во Велес. Дипломирал на Институтот за географија при ПМФ во Скопје во 1973 година. Магистрирал во 1975 година на студиите Урбанизам и просторно планирање на Архитектонскиот факултет во Загреб. Докторирал во 1985 година, на Институтот за географија при ПМФ во Скопје на темата „Валоризација на природните фактори и услови и нивното искористување во просторното планирање на примерот на петте општини: Виница, Кочани, Пробиштип, Свети Никола и Штип, во средниот слив на река Брегалница”.

Кариера Работната кариера ја започнал како планирач во РО за урбанизам, студии и проектирање „Мегапроект” од Штип, потоа работел како просторен планер во Институтот за просторно планирање ‒ Охрид, работејќи во Скопје. Во 1987 година, на Институтот за географија при ПМФ во Скопје, е избран за доцент, во 1993 г. во вонреден професор, а во 1998 година, во редовен професор по предметите просторно планирање и климатологија.

Публикувал неколку книги и над 70 научни трудови, учествувал во повеќе научни проекти од кои 2 раководел. Бил шеф на Институтот за географија и продекан на ПМФ, раководел со последипломските студии од просторно планирање и др.

Поврзано

Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Петар С. Јовановиќ Димитар Јаранов Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски Душан Манаковиќ

Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски Војислав Радовановиќ

Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски

Наводи

Категорија:Луѓе од Ќоселари Категорија:Родени во 1949 година Категорија:Македонски климатолози Категорија:Југословенски климатолози Категорија:Продекани и на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Југословенски професори Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели