Љубе Миленковски (Сопот, 5 јули 1937 – Скопје, 1993) ― македонски географ.

Образование Основно образование завршил во својот роден крај. Учителската школа ја завршил во Скопје во 1958 година, а потоа шест години работел во основно училиште. Завршил Педагошка академија во Скопје, група историја‒географија, а потоа дипломирал на Институтот за географија при ПМФ и во 1969 година се запишал на последипломски студии на Групата за географија на ПМФ во Белград. Докторирал на Географскиот факултет во Скопје во 1983 година, на темата „Социо-географски и аграрни карактеристики на Гевгелиско-валандовската Котлина”.

Кариера Работел како наставник и професор во основно училиште, а потоа во Гимназијата „Браќа Миладиновци” во Драчево. Во 1972 година, бил избран за директор на ОУ „Кузман Шапкарев”, потоа преминал на работа во Републичкиот завод за школство, како самостоен педагошки советник за наставата по географија. Од 1975 до 1985 година, бил професор на Педагошката академија „Св. Климент Охридски” во Скопје, на којашто бил и директор. Во 1985 г. е избран за доцент на Географскиот факултет во Скопје, а во 1989 година, во вонреден професор. Научно-истражувачка активност главно е насочена кон аграрната географија и методиката на наставата по географија. Бил автор на повеќе учебници за основното и средното образование.

Поврзано

Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Петар С. Јовановиќ Димитар Јаранов Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски

Душан Манаковиќ Благоја Маркоски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски Војислав Радовановиќ

Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски

Наводи

Категорија:Луѓе од Сопот (Светиниколско) Категорија:Родени во 1945 година Категорија:Починати во 1993 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски географи Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Македонски учебникари Категорија:Македонски средношколски професори Категорија:Македонски учители