Војислав Радовановиќ (Павлици, Кралство Србија, 27 јануари 1894 – Белград, ФНРЈ, 26 април 1957) — српски и југословенски географ, геоморфолог и универзитетски професор.

Животопис Војислав Радовановиќ роден е на 27 јануари 1894 година во село Павлици, Кралство Србија. Основно училиште завршил во село Врбовец, а гимназија во Шабац и Ниш. По завршувањето на студиите во 1921 година, работел во гимназија во Скопје од 1921 до 1922 година. На повик на Јован Цвииќ, станал асистент кон крајот на 1922 година. Во јуни 1924 година положил докторски испит на Универзитетот во Белград.

Бил кустос и управник на музејот во Скопје, доцент, вонреден и редовен професор на универзитетите во Скопје, Загреб и Белград. Бил управник на Етнографскиот институт на САНУ како и уредник на бројни публикации: Гласник на Скопското научно друштво, Зборник за етнографија и фолклор на Скопското научно друштво, Годишник на Музејот во Скопје и други.

Објавил преку четириесет научни прилози, студии и расправи од областа на физичката географија, антропогеографијата, етнологијата и културната историја. Тој има значаен придонес во геоморфолошките проучувања на релјефот на некои краеви во Македонија. Неговиот најобемен труд e докторската дисертација „Тиквеш и Раец“ која се однесува на антропогеографските испитувања во споменатите области.Насеља и порекло становништва, књ. XVII, Београд, 1924 Починал на 26 април 1957 година.

мини|центар|150п|Мали денудациони облици гнајсног земљишта, научен труд на Радовановиќ во Скопје 1928 година

Поврзано

Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Димитар Јаранов Петар С. Јовановиќ Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски

Душан Манаковиќ Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски

Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски

Наводи

Дополнителна литература

Терасе изнад ушча Тополке у Вардар објавен во Гласник Географског друштва св. 12. Београд 1926 Мали денудациони облици гнајсног земјишта во Гласник Скопског научног друштва, кн. IV, Оддељење природних наука, св.1, Скопље, 1927 Ступњевити отсеци Бабе над Плетваром-прилог денудационо структурним облицима рељефа во Гласник Географског друштва св. XVI. Београд, 1930.

Категорија:Родени во 1894 година Категорија:Починати во 1957 година Категорија:Луѓе од Павлици (Србија) Категорија:Починати во Белград Категорија:Српски географи Категорија:Српски средношколски професори Категорија:Српски универзитетски професори Категорија:Југословенски географи Категорија:Југословенски средношколски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Професори на УКИМ Категорија:Доктори на Белградскиот универзитет