Никола Панов ( во Скопје - ) ― македонски географ.

Животопис Никола Панов е роден на 17 август 1952 година во Скопје. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Географскиот факултет во Скопје во 1978 година, а магистрирал во 1998 година на Географскиот факултет на ПМФ во Белград, на насоката за туризам, а докторирал во 1994 година, на Институтот за географија при ПМФ во Скопје на темата „Комплексни проучувања на резиденцијалниот туризам во Република Македонија”. Неколку години работел во Туристичката агенција „Паластурист“, а во 1983 година, се вработил на Географскиот факултет во Скопје. Предмет на истражувања му е туристичката географија. Главно изведува настава од областа на туризмологијата. Автор или соавтор е на повеќе универзитетски учебници, наменети за студентите на Институтот за географија и учебници за основно и средно образование. Има објавено околу 60 научни и стручни трудови во списанија и зборници од симпозиуми и конгреси. Раководел и учествувал во неколку научно-истражувачки проекти. Бил на повеќе функции како државен секретар во Министерството за животна средина, продекан на ПМФ и други позиции. Има добиено повеќе награди и признанија, а најзначајна е Наградата „Св. Кирил и Методиј” која ја доделува УКИМ.

Починал на на 26 јуни 2026 г.

Наводи

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски географи Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Продекани на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Туризмологија Категорија:Македонски учебникари