мини|250x250пкс| Поглед на Пер Лашез. Пјер Лашез () (се нарекуваат и Источни гробишта) - најголемите гробишта во Париз и се сметаат за едни од најпознатите во светот, каде што се закопани голем број познати личности. Денес е и една од туристичките одредниви во Париз.
Почетоци мини|Споменик на француските бригадири Овие гробишта го добиле името по језуитот, исповедникот на Луј XIV, Пјер Франсоа де Лашез (1624-1709). Земјиштето на кое се наоѓа им припаѓало на језуитите сè додека државата не го купила во 1804 година, кога Наполеон го прогласил за гробишта. Така, Пер Лашез станале источни гробишта, додека гробиштата Монмартр биле на север, а гробиштата Монпарнас на југ. Во центарот на градот, во сенката на Ајфеловата кула, се наоѓаат гробиштата Паси.
Кога првпат биле отворени, гробиштата биле предалеку од градот и немало многу погребувања. Поради оваа причина, управителите на гробиштата со голем оглас, во 1804 година го организирале преносот на посмртните останки на Лафонтен и Молиер.
Пер Лашез е уреден како голем парк, има 47.000 билки и 5.300 дрвја. Денес таму се закопани над 300.000 луѓе, а уште поголем е бројот на урни со пепел од кремирани покојници.
Познати починати личности погребани во Пер Лашез Жан-Батист Поклен, Молиер (), француски писател. Жан де Лафонтен (), познат баснописец. Мигел Анхел Астуријас (), писател од Гватемала, добитник на Нобеловата награда за литература (1967 година). Марија Калас (), грчка оперска пејачка. Најпрво нејзината пепел била закопана на овие гробишта, додека не била украдена. Откако беше пронајдена урната, било одлучено пепелта да се расфрли во Егејското Море. Празна урна сè уште стои на Пер Лашез. Клод Бернар (), познат француски психолог Сара Бернар (), француска глумица. Фредерик Шопен (), чие тело било погребано на овие гробишта, додека неговото срце било погребано во Варшава. Жак-Луј Давид (), сликар на Француската револуција и дворски сликар на Наполеон . По реставрацијата на Бурбонците, бил протеран од Франција како револуционер. По неговата смрт, неговото тело не смеело да се врати во Франција, па во гробницата останало само неговото срце. Ежен Делакроа (), познат француски сликар. Грофица Консуело де Сент-Егзипери (), писател од Ел Салвадор, омажена за грофот Антоан де Сент-Егзипери (), автор на Малиот принц. Гистав Кајбот (), француски импресионистички сликар. Теодор Жерико (), романтичен сликар. Едит Пјаф (), една од најпознатите француски пејачки на шансони. Ив Монтан (), глумец. Џим Морисон (), американски рок-музичар, главен вокал на групата The Doors. Поради повремен вандализам и масовни собири на навивачи (што ги вознемируваlo семејствата на други помалку познати личности погребани во близина на гробот на Морисон), гробиштата морале да ангажираат чувари за да го чуваат гробот. Многу други гробови се вандализирани со стрели исцртани со зборовите „На Џим“, што е дополнителна работа за работниците на гробиштата. Жорж Пјер Сера (), француски сликар, татко на неоимпресионизмот. Џоакино Росини (), италијански композитор. Во 1887 година, посмртните останки на Росини биле пренесени во Фиренца, но криптата останала во Пер Лашез. Оскар Вајлд (), ирски писател, драматург и поет. Според традицијата, обожавателите на Оскар Вајлд го бакнуваат споменикот со кармин на усните и на тој начин оставаат отпечаток од бакнежот. Жорж Бизе (), француски композитор и диригент, автор на операта „Кармен“. Изадора Данкан (), американска танчерка, уметник и сопруга на Есенин.
мини|341x341пкс| Гробот на Едит Пјаф
Оноре де Балзак (), француски писател од 19 век. Жорж Енеску (), романски композитор, пијанист, виолинист Шарл Месје (), француски астроном. Мишел Неј (), маршал на француската армија кој се борел во Револуционерните и Наполеонските војни. Виктор Ноар (), новинар од времето на Наполеон, работел во весникот „Марсејеза“. Бил убиен од внукот на Наполеон, Пјер Бонапарт во кавга. Особено е интересна скулптурата направена од Жил Далу () и кој го претставува Ноар мртов како лежи на грб додека ерекција може да се види низ неговите панталони. Споменикот станал многу популарен меѓу припадничките на понежниот пол, бидејќи постои верување дека триењето на интимните делови, усните и стапалата на овој споменик промовира плодност, возбудлив сексуален живот или можеби сопруг за една година.One News World. Statue fenced off to protect groin. 5. децембар 2005. Пристапено на:11 јули 2007 , Пристапено на23. 4. 2013 Управата на гробиштата морала да го огради споменикот за да го заштити од пропаѓање, бидејќи со текот на годините бронзата во тој дел била доста истрошена. До оградата има натпис кој забранува „неправилно триење на споменикот“ БиБиСи Вести. 2 ноември 2004 Пристапено на:11 јули 2007, Пристапено на: 23. 4. 2013 Марсел Пруст (), француски интелектуалец, писател, есеист и критичар. Алис Б. Токлас (), американска писателка, интимен партнер на американската писателка Гертруда Стајн (). Нејзиното име било врежано на другата страна на гробот на Гертруда Штајн со ист фонт и стил, и на тој начин тие останале неразделни во смртта како и во животот. Симон Сињоре (), позната француска глумица, добитничка на Оскар во 1959 година за филмот Соба на покривот (). Жан Франсоа Шамполион (), египтолог кој ги дешифрирал египетските хиероглифи. На гробот на Шамполион има голем обелиск. Ричард Рајт (), афроамерикански писател од првата половина на 20 век. Жозеф Луј Геј-Лисак (), француски физичар и хемичар.
Галерија
Наводи
Надворешни врски Гробиштата Пер Лашез - Виртуелен водич на француски и англиски јазик Фотографии од гробиштата Пер Лашез Скулптури на гробиштата Гробиштата Пер Лашез Фотографии Фотографии Филмска обиколка на Пер-Лашез - на англиски јазик
Категорија:Гробишта во Париз