Безистен — населба од бронзеното време, населба со некропола од хеленистичкото и римското време кај селото Прилепец, Прилепско.

На висорамнинка 1 км југозападно од селото, со ерозијата на земјата се откриени повеќе камени секири со отвор за држалка, фрагменти од керамички садови и бронзени предмети. Исто така се најдени надгробни стели, македонски и римски монети, темели од објекти и делови од мозаични подови. Во 1928 г. Н. Вулиќ откопал помала гробница градена од кршен камен и варов малтер, и во неа саркофаг.

Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп и во Музејот на Македонија во Скопје.

Наводи