Ацо Кабранов (, ) — македонски новинар и уредник.
Кариера Кабранов својата кариера ја започнал во Радио Скопје, како новинар. Потоа се вработил во А1-телевизија каде бил 12 години главен и одговорен уредник. Шест години бил главен и одговорен уредник и на Канал 5, и три години на телевизија Алфа. Од 2012 година работи во Либертас.мк каде е главен и одговорен уредник на порталот. Во 2018 година се вработил во македонскиот ТВ канал 1ТВ како новинар и главен и одговорен уредник, каде останал до 2019 година.
Надворешни врски libertas.mk
Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски водители Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски водители