Жистин Трие (; р. , ) — француска кинорежисерка, сценаристка и монтажерка.
Во 2023 година, Трие ја освоила Златната палма на 76-тиот кански кинофестивал за судскиот трилер Анатомија на еден пад, со што станала третата режисерка што ја добила оваа награда. Во 2024 година, Трие станала првата француска режисерка која била номинирана за Оскар за најдобра режија и најдобро оригинално сценарио.
Кариера Трие дипломирала на високата школа за Убави уметности во Париз. Нејзиниот режисерски дебитантски игран филм, Битката кај Солферино, бил претставен како дел од програмата ACID на Канскиот филмски фестивал во 2013 година, и бил рангиран на 10-то место на Списокот на 10-те најдобри на Каје ди синема во 2013 година.
Во 2016 година, ја напишала и режирала романтичната комедија-драма Во кревет со Викторија, која била номинирана за наградата Цезар за најдобар филм и најдобро оригинално сценарио. Во 2019 година, нејзината филмска комедија-драма Сибил била премиерно прикажана на Канскиот филмски фестивал во 2019 година, каде што се натпреварувала за Златната палма.
Во 2023 година, нејзиниот судски трилер Анатомија на еден пад бил претставен на Канскиот филмски фестивал во 2023 година, каде ја освоил Златната палма, со што Трие станала третата режисерка што ја добила наградата. Таа, исто така, ја добила наградата Златен глобус за најдобро сценарио и најдобар странски филм . Во 2024 година, Трие стана првата француска режисерка и осумте жени режисерки номинирани за Оскар за најдобра режија. Таа, исто така, била номинирана за најдобро оригинално сценарио за Анатомија на еден пад и филмот беше номиниран за најдобар филм .
Личен живот Трие е во врска со францускиот режисер Артур Арари, со кого имаат две деца. Двојката често работи заедно.
Трие е член на француската група за родова еднаквост Колектив 50/50.
Додека ја добиваше Златната палма на Канскиот филмски фестивал во 2023 година, Трие изјавила дека го поддржува протестното движење за пензиските реформи и се спротивставила на репресијата на претседателот Емануел Макрон врз ова движење. Таа ја обвинила „неолибералната влада“ за поттикнување на културната комерцијализација и слабеење на француската културна исклучителност. Трие им ја посветила својата награда на новите режисери и на оние кои се соочуваат со предизвици во филмската индустрија, повикувајќи на давање поголеми можности и поддршка за растечките таленти. На дебатите што се одржале во Франција во октомври 2022 година во (Повик за генерални собранија), изложбена конференција, одржала говор. Говорот на Трие бил критикуван од партијата на Макрон, десничарски активисти и политичари и од француската министерка за култура Рима Абдул Малак, која рекла дека е „зачудена од таквите нефер коментари“. Говорот на Трие добил поддршка од левичарските политичари и СРФ, француското здружение на режисери. Според Variety, неколку француски познавачи на состојбите во француската кинематографија, тврделе дека Трие била „казнета“ затоа што го критикувала Макрон кога француската комисија за Оскар избрала да го поднесе „Вкусот на нештата наместо „Анатомија на еден пад“ за да ја претставува земјата во категоријата за најдобар меѓународен долгометражен филм на 96-тото доделување на Оскарите.
Во јануари 2024 година, потпишала петиција против реформите на Хавиер Милеи во аргентинските филмски школи.
Филмографија Год Вид филм Македонски назив Изворен назив2007 краткометражен филм На место Sur place |- |2008|| документарен филм || Солферино || Solférino2010 документарен филм Сенки во домот Des ombres dans la maison |- |2011|| краткометражен филм || Палава девојка, лошо момче || Vilaine Fille, mauvais garçon2013 долгометражен филм Битката кај Солферино La bataille de Solférino |- |2016|| долгометражен филм || Викторија || Victoria2019 долгометражен филм Сибил Sibyl |- |2023|| долгометражен филм || Анатомија на еден пад || Anatomie d'une chute
Наводи
Надворешни врски
Justine Triet at Cineuropa
Категорија:Француски режисери Категорија:Живи луѓе Категорија:Статии со извори на француски (fr)