Хасанов мост () — средновековен или отомански камен аквадукт во Драмско, Егејска Македонија.
Сместен е источно од селото Нусретли и јужно од Горно Шимширли, крај патот Драма - Бук. Изграден е со сложена камена ѕидарија. Има шест зачувани лакови и служел како аквадукт.
Мостот се споменува во една верзија на турската народна песна „Драмски мост“.
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Аквадукти во Егејска Македонија