Арнаут Маала (, Итеохори; до 1927 г. Αρναούτ Μαχαλά, Арнаут Махала) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Сер во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало јужно од градот Сер, на јужниот брег на некогашното Тахинско Езеро, во денешниот атар на Нова Маала.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Арнаут Маала било македонско село во Серската Каза на Серскиот Санџак.
Христијанското население на селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Арнаут Маала имало 120 жители, сите Македонци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Арнаут Маала имало 95 Македонци под врховенство на патријаршијата.
Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото настрадало за време на Балканските војни, поради што во пописот од 1920 г. година селото се води како напуштена населба. Обновено е од грчки бегалци во 1924 година. Во 1927 година, името на селото било променето во Итеохори (Ιτεοχώρι). Меѓутоа, не се спомнува во подоцнежните пописи, што значи дека се распаднало.
Наводи
Категорија:Историски села во Сер