Лорета Лин (англ. Loretta Lynn; ; 14 април 1932 - 4 октомври 2022) ― една од најуспешните и највлијателните американски кантри-пејачи и музичари во 1960-тите и 1970-тите. Во текот шестдецениската кариера, Лин снимила преку четириесет музички албуми, а некои од нив добиле златен статус. Музичкиот филм од 1980 година „Ќерката на рударот“ бил заснован на нејзиниот живот.
Некои од нејзините најголеми хитови биле снимени во 1960-тите и 70-тите, вклучувајќи ги: „Coal Miner’s Daughter“, „The Pill“ (песна за слободата што ја носат апчињата за контрацепција), „Don’t Come Home a Drinkin“ (With Lovin’ on Your Mind)“, „Rated X“ и „You’re Looking at Country“. Таа била позната по настапите во долги, широки фустани со комплицирани везови или кристали, а многу од нив биле креирани од нејзиниот долгогодишен личен асистент и дизајнер Тим Коб.
Лорета Лин 18 пати била номинирана за Греми награда и три пати ја добила наградата. Таа е најнаградувана кантри-пејачка и единствена жена која била прогласена за изведувач на деценијата од Академијата за кантри-музика (за 1970-тите). Лин постигна 24 1 хит синглови и 11 број еден албуми. По мозочниот удар во 2017 година таа се повлекла од музиката.
Живот и кариера Лорета Веб е родена на 14 април 1932 година во Бачер Холоу, Кентаки. Таа била најстара ќерка и второ дете на Клара Мари и Мелвин Теодор Веб. Татко ѝ бил рудар за јаглен и земјоделец. Името го добила по филмската ѕвезда Лорета Јанг. мини|Лин во 1962 година На петнаесетгодишна возраст се омажила за Оливер Лин (1926–1996), со кого се преселила во државата Вашингтон. Нејзината музичка кариера започнала во 1959 година, откако нејзиниот сопруг ѝ подарил гитара. Следните три години ги посветила на учење и усовршување свирење гитара, по што основала своја музичка група.
Во 1960 година, потпишала договор за снимање со Zero Records. Издавачката куќа ѝ организирала сесија за снимање во Холивуд, каде таа снимила четири композиции: „I'm A Honky Tonk Girl“, „Whispering Sea“, „Heartache Meet Mister Blues“ и „New Rainbow“.
Лин и нејзините соработници го промовирале изданието на кантри-станиците."Van Lear Rose" . Retrieved February 4, 2007."Honky Tonk Make Believe", Don Grashy – Co. Joseph Mauro, "MY RAMBLING HEART" (Washington. DC: 1995), p. 45. Кога брачниот пар Лин стигнал во Нешвил, нејзината песна веќе била хит; се искачила на 14-то место на кантри и вестерн-топ-листата на Билборд, а Лин почнала да снима демо-записи за издавачката куќа Wilburn Brothers. Преку Wilburns таа обезбедила договор со Decca Records. На крајот од годината, списанието Билборд ја ставило Лин на 4-то место на списокот на најперспективни кантри-пејачки.
Соработката на Лин со браќата Вилбурн и нејзиното појавување на Гранд Оле Опри во 1960 година,Loretta Lynn . Country Music Hall of Fame. Retrieved February 4, 2007. ѝ помогнало да стане најпопуларна кантри-пејачка. Лин се приклучила на Гранд Оле Опри на 25 септември 1962 година.
Лин ја навела Петси Клајн како нејзин ментор и најдобар пријател за време на нејзините почетоци во музиката.
Лин го издала нејзиниот прв сингл под Дека, „Success“, во 1962 година и тој веднаш се искачил на 6-то место. Ова бил прв од низата топ-10 синглови благодарение на кои таа станала истакната фигура во кантри-музиката и една од најистакнатите женски изведувачи во овој жанр. Исто така популарни биле песните кои Лин ги испеала во дует со Конвеј Твити. мини|Лин на турнеја во 1975 година Лин станала дел од кантри музичката сцена во Нешвил во 1960-тите. Во 1967 година, таа го имаше првиот од 16-те нејзини хитови кои се искачиле на прво место. Нејзините подоцнежни хитови биле: „Don't Come Home A-Drinkin' (With Lovin' on Your Mind)“, „You Ain't Woman Enough (To Take My Man)“, „Fist City“ и „Cоal Miner's Daughter“.Coal Miner's Daughter. p. 73.
Лин во нејзините песни се фокусирала на женските проблеми со стихови за сопрузи кои вршат прељуба, упорни љубовници и пијанење на сопризите. Нејзината музика била инспирирана од проблемите со кои таа се соочила во бракот. Таа ја подигнала летвичката во конзервативниот жанр на кантри-музика со песни за контрола на раѓање („The Pill“), повторено породување („One's on the Way“), двојни стандарди за мажи и жени („Rated 'X'“) и да се биде вдовица на војник кој загинал во војната во Виетнам („Dear Uncle Sam“).
Радио-станиците за кантри-музика често одбивале да ги пуштаат нејзините песни и во едно интервју од 1987 година таа рекла дека осум нејзини песни биле забранети.
Нејзината автобиографија од 1976 година, „Ќерката на рударот“, во 1980 година била адаптирана во истоимен филм со Сиси Спејсек и Томи Ли Џонс во главните улоги. Спејсек освоила Оскар за најдобра женска улога за толкувањето на улогата на Лорета Лин. Албумот на Лин Van Lear Rose, издаден во 2004 година, бил продуциран од алтернативниот рок-музичар Џек Вајт. Лин и Вајт беа номинирани за пет Греми-награди, а освоиле две.
Лин добила многу кантри и американски музички награди. Таа била примена во Куќата на славните текстописци во Нешвил во 1983 година, во Куќата на славните на кантри музиката во 1988 година и во Куќата на славните текстописци во 2008 година. Во 2010 година добила признание од Кантри музичките награди. Во 2013 година била наградена со Претседателски медал на слободата од претседателот Барак Обама. Лин снимила 70 албуми, вклучувајќи 54 студиски албуми, 15 компилациски албуми и еден албум за почит.
Здравје и смрт Со текот на годините, Лин страдала од различни здравствени проблеми, вклучувајќи пневмонија во повеќе наврати и скршена рака по пад дома.
Во мај 2017 година, Лин имала мозочен удар во нејзиниот дом. Таа била однесена во болница во Нешвил и како резултат на тоа морала да ги откаже сите нејзини закажани концерти. Објавувањето на нејзиниот албум Wouldn't It Be Great било одложено до 2018 година. На 1 јануари 2018 година, Лин паднала и го скршила колкот.
Лин починала во сон во нејзиниот дом на 4 октомври 2022 година, на 90-годишна возраст. Била погребана три дена подоцна на нејзиниот ранч во Хјурикејн Милс покрај нејзиниот сопруг Дулитл.
Дискографија Студиски албуми
Наводи
Надворешни врски
Loretta Lynn's Radio appearance on "The Motley Fool" 60 Minutes II interview with Loretta Lynn and Jack White Coal "Minors" Daughter? New Data Offers Light and Controversy on Loretta Lynn Loretta Lynn discography at Discogs Loretta Lynn recordings at the Discography of American Historical Recordings.
Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Американски пејачки од 20 век Категорија:Американци со ирско потекло Категорија:Американски кантавторки Категорија:Американски кантри пејачки Категорија:Носители на Претседателскиот медал на слободата Категорија:Добитници на Греми за животно дело Категорија:Починати во 2022 година Категорија:Родени во 1932 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Пејачи од Кентаки