Вања Дркушиќ (роден на година, во Ново Место) — словенечки фудбалер, играч од одбраната на Зенит Санкт Петербург и на словенечката репрезентација.
Клупска кариера Кариерата ја започнал во екипите на Крка и Кршко во својата родна Словенија, пред во декември 2015 година да му се приклучи на холандскиот Херенфен, иако имал понуди и од Марибор, Динамо Загреб и Аталанта. Сепак, и покрај тоа што ги минал младинските селекции и стигнал до првиот тим на Херенфен, во август 2019 година, тој го напуштил клубот без да направи ниту еден настап за него, и потпишал за италијанскиот третолигаш Ренде. Пред втората половина на сезоната 2019–2020, Дркушиќ се вратил во Словенија каде потпишал за екипата на Браво. На 23 февруари 2020 година, тој дебитирал за Браво во победата од 2–1 против Табор Сежана. На 11 јули 2020 година, Дркушиќ го постигнал својот прв гол за Браво за време на ремито 1–1 со Домжале.
На 24 јануари 2022 година, потпишал за членот на Руската Премиер лига, Сочи, за трансфер сума од 100.000 евра. Дебитирал со клубот во руското првенство, во победата со 1-0 на гости над Ростов на 7 март 2022. На 27 август 2022 година, тој го продолжил договорот со Сочи до 2025 година. Својот прв гол за клубот го постигнал на 1 април 2023, во победата со 2-0 на гостувањето кај Динамо Москва. Пред почетокот на сезоната 2023-2024, Дркушиќ бил назначен за капитен на Сочи по заминувањето од клубот на Сослан Џанаев.
Репрезентативна кариера Дркушиќ играл за младинските репрезентации на Словенија под 17, под 18, под 19 и под 21 година.
Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 26 март 2023 година, во победата со 0-2 против , влегувајќи како замена за повредениот Јака Бијол во 36-тата минута.
Во јуни 2024 година, бил повикан во составот на Словенија од селекторот Матјаж Кек за Европското првенство 2024 во Германија. Таму ги одиграл сите три натпревари на својата земја во групната фаза, која словенците ја минале со три нерешени резултати. Дркушиќ играл и во осминафиналето против во кое Словенија загубила по изведување пенали.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 2 јули 2024. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2019-јан. 2020 Ренде Ц 0 0 КИ+КИ-Ц 0+1 0 - - - - 1 0 јан.-јун. 2020 Браво 1.СНЛ 15 1 КС - - - - - - 15 1 2020-2021 1.СНЛ 35 1 КС 1 0 - - - - 36 1 2021-јан. 2022 1.СНЛ 19 2 КС 2 0 - - - - 21 2Вкупно Браво 69 4 3 0 - - - - 72 4 јан.-јун. 2022 Сочи ПЛ 11 0 КР 0 0 ЛК - - - - 11 0 2022-2023 ПЛ 26 1 КР 5 1 - - - - - 31 2 2023-2024 ПЛ 23 2 КР 1 0 - - - - - 24 2Вкупно Сочи 60 3 6 1 - - - - 66 4Вкупно во кариерата 129 7 10 1 - - - - 139 8
Наводи
Надворешни врски
Вања Дркушиќ на soccerway Вања Дркушиќ на transfermarkt Вања Дркушиќ на ESPN Вања Дркушиќ на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Херенфен Категорија:Фудбалери на ФК Зенит Санкт Петербург Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Словенечки фудбалери