„Мојот вујко“ (француски: Mon Oncle) — филм на режисерот Жак Тати (Jacques Tati) од 1958 година. Автори на сценариото се Жак Лагранж (Jacques Lagrange) и Жан Л’Оте (Jean L'Hôte), а главните улоги ги играат: Жак Тати, Леан-Пјер Зола (Lean-Pierre Zola), Адриен Серватје ((Adrienne Servatie), Ален Бекур (Alain Becourt), Лисиен Фрежис (Lucien Fregis), Бети Шнајдер (Betty Schneider) и Ивон Арно (Yvonne Arnaud). Автори на музиката се Френк Барселини (Franck Barcellini) и Ален Роман (Alain Romans). „Мојот вујко“ е првиот филм во боја на Тати. Во него, тој го оживува ликот на господинот Ило кој се прославил во неговиот филм од 1953 година, „Одморот на господинот Ило“. Освен што е забавен, духовит и смешен, филмот претставува носталгична критика на модерниот градски развој во кој човекто секојдневно се отуѓува од вистинските потреби, а наместо тоа, се затрупува со непотребни предмети. Тати успеал суптилно да ги прикаже разликите меѓу двата начина на живот. Во 1959 година, филмот ја освоил наградата „Оскар“ за најдобар филм на странски јазик. Покрај тоа, на Канскиот филмски фестивал, филмот бил номиниран за „Златната палма“, а Тати ја освоил Специјалната награда на жирито.Мoj ujak, francusko-talijanski film (пристапено на 1.1.2022)
Синопсис Семејството Арпел живее многу современо: куќата е опремена со најмодерна опрема и мебел, а насекаде е беспрекорно чисто. Меѓутоа, синот минува најголем дел од времето дружејќи се со вујко му Ило – необичен човек кој живее во еден стар париски кварт во кој децата играат на улица, а уличните продавачи продаваат парчиња леб намачкани со топло чоколадо. Незадоволните родители се обидуваат да го отстранат вујкото од животот на нивното дете, па затоа, најпрвин се обидуваат да му најдат работа на Ило, а потоа и жена...
Наводи
Категорија:Француски филмови Категорија:Италијански филмови Категорија:Филмови за семејства Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Париз Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови од 1958 година Категорија:Филмови на Жак Тати Категорија:Филмови со Жак Тати Категорија:Филмови со Ивон Арно Категорија:Филмови со Ален Бекур Категорија:Филмови со Бети Шнајдер Категорија:Филмови со Леан-Пјер Зола Категорија:Филмови со Адриен Серватје