Јане Атанасов (, ) — македонски писател и афорист.
Животопис Јане денес живее и твори во Кочани. По професија е дипломиран економист, а сега е активен пензионер. Атанасов е иницијатор за одржувањето на манифестацијата „Вечер на македонскиот афоризам“ во Кочани (од 2023 година - АФКО) .Тој е еден од основачите на Здружението на граѓани „Афористичка репрезентација на Македонија“. Ова здружение, во 2022 година, му доделило Специјална плакета за особен придонес за развојот на хуморот и сатирата во Македонија.
Творештво Свои творби, најчесто со хумористична содржина, објавувал во:
„Студентски збор“, „Млад борец“, „Остен“, „Јеж“, „Јежев Хумор“, „Секси Хумор“, „Вечерње новости“, „Војничке новине“, „Радио аматер“, „Македонска фаланга“, „Хороскоп“, „Актуелности“, „Разбибрига“, „Балканиум“ и во многу електронски медиуми. Атанасов е автор на следниве книгиː
Насмевки(хумористични текстови); ЈОУ Библиотека „Искра“ - Кочани, 1994, Кочанска мистерија (потресна приказна за мистериозната смрт на брат му Спасе Атанасов); „Растер“ - Прилеп, 1995, АУ - УА (хуморески); Матична библиотека „Искра“ - Кочани, 2003, Зипувани вистини(афоризми); „Европа - 92“ ДООЕЛ - Кочани, 2009, За (не)мирен сон (афоризми); „Орион“ – Делчево, 2015, За секој ден по еден (афоризми); ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани 2019, Тодосија Паунов – од Речани до Македонскиот парламент; „ Европа - 92“ ДООЕЛ – Кочани; 2021 (коавтор, заедно со Славица Цветкова), Под фенерот на Диоген (афоризми); „Европа - 92“ ДООЕЛ - Кочани, 2022, Некогаш некаде(поезија); „Европа - 92“ ДООЕЛ - Кочани, 2022, Десет години „Вечер на македонскиот афоризам“ во Кочани; „Европа - 92“ ДООЕЛ – Кочани; 2022 (коавтор, заедно со Славица Цветкова) и Групен афористички портрет; ЈУБ „Благој Јанков Мучето“, Струмица, 2024; (коавтор, заедно со Ацо Ѓорѓиев).
Како автор Атанасов е застапен во преку педесет заеднички изданија, со други автори од земјата но и од странство (алманаси, прегледи, билтени ... ) меѓу кои се следниве:
Антологија на македонскиот афоризам; „Алма“ - Белград , 2007 (приредувач Васил Толевски), Антологија на балканскиот афоризам; „Алма“ - Белград , 2008 (приредувач Васил Толевски), Бисери на балканскиот афоризам, книга 1; „Алма“ - Белград , 2010 (приредувач Васил Толевски), Г-50 (aлманах на афористи); уредници: Миле Ѓорѓијоски и Димитар И. Вилазорски; „Орион“ - Делчево, 2015; Кој е кој во афоризмот (Ко је ко у афоризму); Приредувач Јасмина Буква; „Алма“ – Белград (Република Србија), 2016, Здивот на духот (Дах духа) – Антологија на афоризми; Приредувач Вељко Рајковиќ; „Бале“ – Подгорица (Република Црна Гора), 2018, Селект 2/2020; Македонија презент – Скопје; 2020 (Приредувачи Васил Толевски и Христо Петрески), Алманах на книжевни форми; НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани, 2021, Книга на моите пријатели (Књига мојих пријатеља); Приредувач Милан Пантиќ; Зворник, 2022, Афоризница - Зборник од афоризми објавувани на порталот „Скренимо на прави пут“ во текот на 2021 година; Приредувачи: Мирјана Ѓапо и Ружица Голубовиќ – Совка; Ситопринт – Житиште, Република Србија, 2022, Жена у мислима (Антологија мисли о жени); Никола Ц. Станковиќ; Белград, 2022, Кумановска симбиоза 22; Клуб на книжевни творци „Симбиоза“; Куманово, 2022, Мисловни слапови (Misaoni slapovi); ЗлаткоТомиќ и Васил Толевски; Сплит, 2022,
Добитник е на голем број награди и признанија на полето на литературата. Учествувал на многу поетски настани ,културни манифестации и афористички вечери во родниот град Кочани и пошироко.
Наводи
Надворешни врски https://kanal5.com.mk/articles/231025/vecher-na-makedonskiot-aforizam-vo-kochani Вечер на македонскиот афоризам https://www.youtube.com/watch?v=iMwNjeLk7QM
Категорија:Луѓе од Костин Дол (Кочанско) Категорија:Македонски афористи Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски афористи Категорија:Југословенски писатели