Доктор Стрејнџлав или: Како научив да престанам да се грижам и ја засакав бомбата (Можеби подобар превод требало да биде Доктор Стрејнџлав или: Како научив да не се грижам и ја засакав бомбата) или скратено само Доктор Стрејнџлав — филм од 1964 г. во режија на Стенли Кјубрик, објавен во екот на Студената војна, нешто повеќе од една година по Кубанската криза, како антимилитаристичка сатира на воените програми на американската влада од тоа време и трката во вооружување воопшто. Заснован е на трилерот „Црвена тревога“ од Питер Џорџ, првпат објавен во 1958 г., кој го одразува сеопштиот страв од јадрена апокалипса.

Покрај тоа, Кјубрик го преосмислил изворниот материјал, правејќи црна комедија. Филмот ја раскажува приказната за обземениот американски генерал Џек Д. Рипер, кој, придвижен од антикомунистичка параноја, ја заобиколил американската висока команда и претседателот, започнал јадрен напад врз СССР, и за последователните настани.

Содржина Еден неспокоен американски генерал наредува бомбардирање на Советскиот Сојуз, предизвикувајќи пат до јадрена пропаст што воената соба полна со политичари и генерали трескаво се обидува да го запре.

Улоги ГлумецУлогаПитер Селерсполковник Лајонел Мандрејк / претседателот Меркин Мафли / д-р СтрејнџлавЏорџ Кемпбел Скотгенерал Бак ТерџидсонСтерлинг Хејденбригаден генерал Џек Д. РиперКинан Винполковник Бат ГуаноСлим Пикенсмајор Т. Џ. „Кинг” КонгПитер БулАлексеј де СадескиЏејмс Ерл Џонспоручник Лотар ЗогТрејси Ридг-ца СкотШејн Римеркапетан Ејс Овенс

Наводи

Надворешни врски

Continuity transcript Annotated bibliography on Dr. Strangelove from the Alsos Digital Library

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1964 година Категорија:Британски филмови