Вечер е првиот македонски информативен портал основан во 2004 година, од новинарот и уредник Драган Павловиќ Латас.
Историја Порталот Вечер.мк почна да работи во 2004 година, како онлајн-издание на дневниот весник Вечер. Весникот и порталот функционираа заедно се до 2017 година, кога уредничката Ивона Талевска, заедно со помала екипа на новинари се одвои во посебен медиум. Сопственик на порталот "Вечер прв дознава" е Максмедиа на Драган Павловиќ Латас. Порталот е дел од групацијата Медианет, заедно со порталите Весник.ком и Време.мк. Вечер.мк е најчитаниот портал во Македонија, веќе неколку години.
Редакција Информативен портал со дневни информации е во Топ 10 македонски информативни портали уште од 2004 година до денес.
Главен и одговорен уредник: Ивона Талевска
Уредници: Александра Тимковска, Александар Трајановски, Сара Максимовска, Ивана Павловска
Менаџер на проектот: Драган Павловиќ Латас
Надворешни врски vecer.mk vesnik.com vreme.mk Список на македонски портали
Категорија:Македонски медиуми Категорија:Телевизии во Скопје Категорија:Телевизиски канали во Македонија