мини|Сатенско ткаење Сатен е ткаенина добиена со сатенско ткаење. Washington, D. C. Thames and Hudson. p. 137. . Најчесто се опишува како мазна и сјајна ткаенина, обично со мазен преден дел и погруб заден дел. Сатенот е материјал кој е многу кревок и лесно се оштетува. Сатенот е еден од трите основни типови на текстилни ткаенини, во кои покрај него се вбројуваат и кепер и обичното потткаење.

Сатенот најчесто се користи за изработка на облека, постелнина, навлаки за перници, долна облека, ноќници, вратоврски и балетанки.

Сатенското ткаење се карактеризира со четири или повеќе оставени хоризонтални нишки на разбојот под вертикалните, односно четири вертикални нишки преку една хоризонтална. Овој начин на изработка придонесува за сјајна и мазна карактеристика на овој материјал. За ткаење во оваа техника најчесто се користат свилени, полиестерски и најлонски влакна. Според некои дефиниции за овој метод на ткаење, сатенот би бил ткаенина која е направена исклучиво од свила. мини|Сатен

Историја мини|Сатенски фустан

Кина Сатен првично бил направен исклучиво од свила, кој низ историјата првенствено се произведувал во Кина. Во античка Кина постоеле повеќе видови сатен, како што се: дуан (缎), зуши () , линг () , јин () , вуси () и баси (). Кинескиот сатен, во неговата оригинална форма, обично се произведувал со пет или шест потткања. Се смета дека шестокрајното потткаење на сатенот е резултат на исто такво потткаење употребено при ткаење на кепер за време на Танг и Северен Сунг династиите.

Европа Свилен сатен дошол во Европа во текот на 12 век. Таквата ткаенина се увезувала, била сметана за скапоцена роба, и била достапна само за членовите на повисоките општествени класи.

Етимологија Зборот „сатен“ потекнува од кинескиот трговски град Гуанџоу (泉州), кој бил познат како Зајтон во Европа и арапските земји за време на династијата Јуан (13-14 век). Во тој период, Гуанџоу го посетувале арапски трговци и Европјани. Арапите го нарекувале сатенот доставен од Гуанџоу заитун изведено од европеизираното име на градот. Подоцна во средниот век, Гуанџоу бил главен извозник на свила, користејќи го Патот на свилата за да стигне до Европа. Овој пат најмногу го користеле арапските трговци. центар|мини| Патот на свилата

Галерија

Наводи

Категорија:Ткаење Категорија:Свила