Основно училиште „Пере Тошев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Пере Тошев“ - Паликура; скратено: ПООУ „Пере Тошев“) — подрачно основно училиште во тиквешкото село Паликура, во состав на истоименото училиште од селото Росоман, Општина Росоман.
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Пере Тошев.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Паликура, во непосредна близина на црквата „Св. Никола“.
Историја
Училиштето било изградено во 2015 година.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик во една комбинирана паралелка.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Росоман Паликура Категорија:Паликура