Милан Дединац (Крагуевац, 27 септември 1902 — Опатија, 26 септември 1966) — српски поет.
Биографија
Творештво Во својата „Антологија на српската поезија“, Зоран Мишиќ истакнува дека уште со своите поетски фрагменти објавено во текот на 1923-24 година, Дединац се вброил во најспонтаните српски лиричари. Напишани со презир кон сето она што претставува вештина и ученост во поезијата, раните негови песни сакаат да го искажат лирското доживување на најнепосреден начин, со чист и едноставен јазик, неукрасен со ништо освен со својата единствена брановита мелодија. Оттогаш, неговите поетски преокупации речиси воопшто не се промениле, само што со текот на времето претрпеле погрижлива нега и естетска обработка која во голема мера ја отстранила онаа убавина карактеристична за неговата првобитна непосредност. Заедно со неговите најрани стихови, врвен домет на неговата поезија е песната „Јана птица“ во која е постигната целосна складност меѓу надреалистичката постапка и јаизчната подлога.Zoran Mišić, Antologija srpske poezije. Nolit, Beograd, 1963, стр. 246.
Наводи
Категорија:Српски поети Категорија:Родени во 1902 година Категорија:Починати во 1966 година