Министерството за животна средина на Република Литванија (литвански: Lietuvos Respublikos aplinkos ministerija) — надгледува животната средина и природните ресурси во Литванија. Неговата мисија е:
Да се имплементира принципот на одржлив развој; Да се постават предуслови за рационално искористување, заштита и обновување на природните ресурси; Да обезбеди снабдување информациии за состојбата на животната средина и нејзините прогнози за јавноста; Да се создадат услови за развој на градежниот бизнис и обезбедување на станови на жителите; Да се обезбеди соодветен квалитет на животната средина, земајќи ги предвид нормите и стандардите на Европската Унија. Одделот за заштита на животната средина, одговорен пред Врховниот совет - Реконститутивен Сејмас, бил формиран за да ја надгледува заштитата на животната средина и експлоатацијата на природните ресурси откако Литванија ја вратила својата независност во 1990 година. Во 1996 година, Одделот бил реорганизиран во Министерство за заштита на животната средина. Во 1998 година, по спојувањето со Министерството за домување и урбанизам, било преименувано во Министерство за животна средина. Така што станало одговорно за изградба, територијално планирање и домување. Министерството има бројни одделенија и подредени институции одговорни за заштитени подрачја, заштита на животната средина, геолошки истражувања, шумарство, метрологија, метеоролошки служби, и морски истражувања. Министерството го води и Зоолошкиот музеј Тадас Иванаускас. Наводи
Категорија:Министерства на Литванија Категорија:Министерства за животна средина