Македонска православна црква „Св. Димитрија Солунски“ — македонска православна црква лоцирана во Спрингвејл, предградие на југоисточен Мелбурн, Викторија, Австралија.
Македонскиот православен митрополит за Австралија, Тимотеј, за прв пат ја осветил црквата во 1986 година. На почетокот од 1994 година, кога се развиле тензични односи помеѓу Австралиските Грци и Австралиските Македонци откако Република Македонија се здобила со признавање од Австралија, црквата била подложена на подметнат пожар. По реновирањето, црквата била повторно осветена во 1996 година од страна на Петар, митрополитот за Австралија. Во 2009 година започна проект на реновирање и нова доградба на црквата. Финалниот проект бил завршен во 2012 година, кога било извршено осветување од страна на Петар.
Поврзано Австралиски Македонци
Наводи
Надворешни врски
Фејсбук
Категорија:Цркви во Австралија Категорија:Македонски православни цркви во Австралија