Саат-кулата (албански: Sahatkulla) во Приштина, Косово, била изградена во 19 векGagica, Ismail. Prishtina Road and Tourist MapTourist Information (in Albanian and English). OrGIS. . од Јашар-паша, по кого џамијата била именувана недалеку од Саат-кулата. Служела како средство за информирање на градот за време на владеењето на Отоманското Царство, со цел да им се даде на знаење на луѓето кога да се молат, како и на трговците кога да ги затворат своите продавници. ШестоаголнатаGagica, Ismail. Prishtina Road and Tourist MapTourist Information (in Albanian and English). OrGIS. . кула висока 26 метри била направена од песочник и тули. Оригиналната кула изгорела во пожар, а нејзините стари тули се користеле за реконструкцијата. Автентичното ѕвоно било донесено од тогашното Кнежевство Молдавија и има натпис кој го споменува овој факт. Сепак, околностите за тоа како ѕвоното било донесено во Приштина не се јасно познати; а нејзината кражба во 2001 година е уште понејасна. Истата година, француските трупи на КФОР помогнале во инсталирањето на нов часовник со менување на стариот механизам на часовникот со електричен.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Згради и градби во Косово Категорија:Згради и градби во Приштина Категорија:Саат-кули во Косово