Битка кај Влахи — воен судир меѓу четата на главниот штаб на Македонското востание и турскиот гарнизон во истоименото село. Битката почнала во 19 октомври 1878 година или 7 октомври според стариот стил. Битката кај Влахи се одвивала два дена после Битката кај Кресна. Во битката македонската страна била предводена од страна на македонската војвода Стојан Карастоилов. Поради претходниот пораз турската војска формирала поголема армија составена од 2 буљука, или бригади, со цел да го задишиле востанието. Сепак покрај нејзинита големина тие сѐ уште биле поразени. Битката траела околу 13 часа според прворачната литература.
Покрај малиот број на жртви, битката претставувала дополнителен срам за тогашната турска администрација. После поразот дополнителните турски гарнизони во кресненскиот терен целосно се привлекле по наредба на тогашниот султан. Поради тоа останите села лесно подпаднале под склоп на востаничките сили. Поради тогашната големина на селото, главниот штаб на востанието се преместило во Влахи после нејзиното ослободување. За време на битката жив сведок бил истакнатиот македонски револуционер Јане Сандански.
Заднина
Во 17 октомври 1878 година, или 5 октомври според стариот стил, Стојан Карастоилов заедно со неговата чета составена од 200-300 војници го нападнале турскиот гарнизон сместен во кресненскиот ан. Според македонската и бугарската историографија Битката кај Кресна се сметала за почеток на Македонското востание. Турскиот гарнизон, составен од околу 120 војници, бил целосно поразен од страна на македонските револуционери. После петнаесетта часовна битка 9 турски војници биле убиени, 11 ранети и останатите биле заробени.
Поради неочекуваниот напад турскиот гарнизон целосно бил неспремен. Поразот исто така донел дополнителен срам на околинските кметови и паши, поради тоа тие побарале помош од Отоманското Царство и нејзината војска за да го задушиле востанието. Следниот ден после поразот на 18/6 октомври востаничките сили го ослободиле селото Оштава и Езерце, кое денес се смета како маало во Оштава, без некаков отпор од турската власт. После тоа на 19/7 октомври, повторно без отпор, го ослободиле селото Влахи. Сепак тој пат отоманска војска планирала да го нападнат селото, поради поволното географско сместување на селото покрај реката Струма. Во тоа време селото Влахи било меѓу најразвиените села во Кресненскиот терен.
Вечерта околу 19/7 октомври, кога македонските револуционери престојувале во селото. Турскиот гарнизон од Светиврачко составен од 2 буљука, турски поим за бригада, ги нападнале стражарите околу селото, почнувајќи ја битката.
Борбата мини|248x248пкс|Реката Струма, селото Кресна и нејзината околија, вклучувајќи го и Влахи. Селанските стражари биле убиени или заробени во турската војска. Отоманската војска одлучила да заседе позиции покрај врвот на околинските планини. После тоа кога условите биле поволни тие го нападнале селото. Македонските револуционери во тоа време претежно биле сместени во анови без нивното оружје, поради тоа тие не биле спремни. Истовремено Стојан Карастоилов, Коста Кукето и Димитар Поп Георгиев Беровски имале состанок во селото за формирање на централен штаб на Македонското востание. Кога биле известени за нападот Карастоилов и Кукето, двајца со воена искуство како македоски војводи, ги собрале македонските борци низ селото.
Димитар Поп Георгиев Беровски бил набљудувач за време на битката. Истовремено набљудувач бил и тогашниот млад македонски револуционер и национален херој Јане Сандански. За кратко време Кукето и Карастоилов успеале да соберат околу 150 македонски војници против турскиот гарнизон. За време на борбата Турците изгориле и опљачкале 20 селски куќи. Покрај големината на турскиот гарнизон и времетрањето на битката само 4 турски војници, меѓу нив и јузбашијата, биле убиени. Бројот на жртви од македонската страна не е познато, но најверојатно е слична со турската бројка. За време на битката Димитар Беровски пратил писмо до Горноџумајскиот комитетот каде што наведил: „Ги одбивме Турците, убивме четворица од Турците и јузбашијата. Ранетите се непознати; Битката траеше 13 часа.“
Последици
Нивниот пораз донел дополнителен срам кон тогашната турска администрација. Гарнизонот се привлекол надвор од кресненскиот терен по наредба од турската власт. После битката селото Влахи целосно било под склоп на востаничките сили. Поради нејзиното поволно географско сместување селото станало новиот административен центар на востанието, главната база на штабот за востанието се префрлиле во селото следниот ден. Битката кај Влахи била втората голема победа на македонските востанички сили над турските војници.
Во истиот ден, после битката, Стојан Карастоилов со неговата чета посакал да завземе позиции во Каршијаковиот област. Поради тоа со неговата чета составена од 50-60 души тој го нападнал и изгорил напуштено помачко село Грнчар. Следниот ден после битката, македонските револуционери го ослободиле селото Ново Село, поранешно село во Пиринска Македонија кое денеска е населба во градот Кресна, без некаков отпор од страна на турската војска. На 21/9 октомври рускиот мајор Адам Иванович Калмиков со неговата чета го нападнале селото Мораска, почнувајќи ја големата битка кај Мораска каде Калмиков се борел против 1.000 башибозуци.
Наводи
Категорија:Македонско востание Категорија:Историја на Пиринска Македонија Категорија:Воена историја на Македонија Влахи Категорија:Судири во 1878 година Категорија:Македонија во 1878 година