„Светот што го избрав“ е роман на Калина Малеска кој доби награда на „Роман на годината“ за 2024, што ја доделува Фондација „Славко Јаневски“. Жири-комисијата беше составена од: Лидија Димковска, Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј ал-Асади и Катерина Богоева како претставничка на фондацијата „Славко Јаневски“. Светот што го избрав, Калина Малеска,(2 изд.) Скопје:Или-или, 2025
Содржина
Романот ја раскажува приказната за трансформацијата на Леона, чие чувство за себе и сопствениот идентитет се менува низ контактот со луѓето и просторите: подрумот во кој се вселува, состанарите и околниот двор, членовите на одборот за наставни програми, канцеларијата за состаноци, барот…
Под насловот корицата на романот стои реченицата „Си поставувам себеси стапици за да се заштитам од своите слабости“
На почетокот од романот протагонистката, по дваесет години живот со своето семејство, се соочува со нова ситуација, без стан, без работа, без пари, со привремен ангажман. Новите околности и луѓето што ги запознава кај неа поттикнуваат сеќавања, интроспекција, анализа на своите и на туѓите постапки, изнаоѓање на причините зад нив. Оваа плашлива и кршлива Леона се обидува да ја раскаже гласно својата приказна, зашто само кога таа е гласно раскажана тогаш како што вели таа: „… мојата приказна се здобива со поинаков контекст, ме претставува похрабра отколку што сум била.“ . „Светот што го избрав“ се гради како еден хронотоп на куќата и тоа замислена како вертикално битие обезбедено со поларитетот на визбата т.е. подрумот, која соодветствува на несвесното и таванот, кој одговара на духовното воздигнување. Може ли со текот на времето подрумот во кој се сместува Леона да се трансформира во таван, подрумот да стане нејзиниот таван? Зашто секој заслужува да биде среќен. Па и Леона која ни признава и вели дека и покрај тоа што: „Не знам како да се справам со оваа тага.“, таа, едноставно, само бара начин да го направи „овој непознат свет да изгледа помалку страшен отколку што е.“ https://lektira.mk/kritika/podrumot-shto-se-transformira-vo-tavan/
По дваесет години живот со своето семејство, Леона е исправена пред дилемата како да се пресече папочната врска со домот кој веќе не го чувствува за свој дом? Дали конечно треба да се пресече таа врвца? Како да каже: ДОСТА Е!? Таа се наоѓа во вртлогот на сопственото ЈАС соочувајќи се со нова ситуација. Останата е без стан, без работа, без пари, со привремен ангажман кој ѝ го наоѓа нејзината добра другарка Весна, целосно спротивна од она што е таа. И еве каква е таа во очите на Леона: „Секогаш очекуваше сите да се однесуваат како неа. Ова си го повторував кога имав потреба да ја критикувам во себе. Само така можев да ја оправдам својата плашливост, со непризнавањето на нејзината храброст.“ Затоа, кога Весна отворено ѝ вели: „Ти исчезна, не постоеше дваесет години.“, Леона се брани велејќи: „Не е сосем во право. Постоев. Во еден друг, затворен, ограничен свет.“ . Но, новите околности, средбите и разговорите со новите и старите познаници, со членовите на Комисијата за утврдување на подобност на новите предметни програми и учебници, со членовите на поширокото и потесното семејство, со новите соседи (колку реални, толку и виртуелни, колку тука, во Скопје, толку и во нејзината меморија), кај неа поттикнуваат сеќавања, будат епизоди од детството и младоста, поттикнуваат анализи на своите и на туѓите постапки, говорат за изнаоѓање на причините зошто довело токму до тие постапки. Зашто во тој нејзин свет, во тоа нејзино ЈАС таа не смее/ не треба да има никаква дамка. „Не сакам ништо лошо да зборуваат за мене во единствениот свет што го имам. Сигурно ќе се погрижам никогаш ништо лошо да не помислат. Зашто, како може да се живее ако се нема свет за живеење?“ , размислува Леона.
За делото Според претседателката на жирито и лауреатка од претходната година Лидија Димковска, „Светот што го избрав“ е роман што освестува, охрабрува и дава надеж за еден подобар свет што секој сам мора да реши да го избере.
„Ова е роман што апсолутно го заслужува називот Роман на годината за 2024, затоа што станува збор за извонреден, безвременски роман што ќе може да се чита и препрочитува, во сите времиња и простори. Кус, концизен, матестрално напишан, ‘Светот што го избрав’ е храбро сведоштво на женскиот лик кој поминува низ сопствените, но и низ преобразбите на светот, што го избираме дури откако сам ни наметнал избор што не само што не го оправдал туку со него ни нанел штета и тага. Личната приказна за Леона, која како средовечна жена го напушта сопругот, домот, дотогашниот живот и статус, и почнува од нула во подрумска соба среде Скопје, истовремено се преплетува со општествено критичката приказна за образовните реформи во чија комисија хонорарно соработува и Леона“, истакнува Димковска.https://sdk.mk/index.php/kultura/nagradata-roman-na-godinata-za-svetot-shto-go-izbrav-na-kalina-maleska/
Други изданија
Романот е преведен и издаден и на англиски јазик од издавачката куќа Или-или Наводи