Зграда на Радио Гевгелија — стара зграда во градот Гевгелија, прогласена за културно наследство на Македонија.

Местоположба

Вилата се наоѓа на главната улица на Гевгелија и со него отпочнува еден низ на амбиентални објекти што сочинуваат една микро урбана целина.

Историја

Објектот веројатно е подигнат пред Првата светска војна.

Бил прогласен за значајно културно наследство на Македонија со решение од 28 јануари 2019 година од страна на Управата за заштита на културното наследство на Македонија, кое било изменето на 17 ноември 2020 година.

Објектот е во приватна сопственост.

Архитектура

Објектот има осно-симетрична концепција што е особено нагласено во челната улична фасада, но и основниот распоред на трите нивоа. Се состои од приземјен дуќански дел, со дрвени скали потоа се оди на двата ката. Помеѓу приземјето и катот има мезанински простор.

Галерија

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Гевгелија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Згради и градби во Гевгелија